Акции за спас на тигрите во Азија
Големата урбанизација, а уште повеќе уништување на прашумите за обезбедување обработливо и индустриско земјиште, ја загрозуваат популацијата на тигрите во Азија.
Иако не се знае колку тигри живееле на континентот до почетокот на овој век, сега е познато дека во Азија има помалку од 3.500 единки од овие животни, симбол ма многу држави.
Од 2001 до 2014 година само во Индонезија со подметнати пожари беа уништени над три милиони хектари прашуми и ливади, за да се пренаменат за фарми на кои се садат палми за индустриска намена, со што беа уништени 51 живеалиште на тигрите.
Сега Индонезија нема доволно тигри за да ги даде на сопствените зоолошки градини, а криумчарењето на млади тигри стана вносен, но и строго казнив бизнис.
Единстваено во Индија и Непал екпертите за животна средина, со подршка од властите, успеаја да го запрат истребувањето на тигрите, а нивната популација во последните 10 години е зголемена за 61 посто. Акциите за спасување ги воделе локалните власти со поддршка на експерти од „Смитсонијан“ фондацијата, светската Алијанса за прашумите и Светскиот институт за ресурси на ОН.
Овие институции имаат програма, според која до 2022 година, бројот на тигрите во Азија може да се зголеми на околу 5.000 единки.
Единствено натамошното неконтролирано уништување на прашумите и ливадите, велат тие, може да биде пречка за исполнувањена овој значаен проект.
Во проекцијата за опстанок на тигрите се вели дека тие можат да се адаптираат и опстанат и во сегашните прашуми и ливади, но тука е границата на нивниот опстанок.
Ново на Сител
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци
-
Владата обезбедува прочистувачи на воздух за 49 општини