-->
-->
На првиот состанок едвај извлекле жива глава - Сега живеат среќно и весело!
-->
Тиара Дел Рио (22) и Беау Зимбро (33) доживеале страшна несреќа на првиот состанок после голема експлозија на плин.Додека биле на вечера во куќата на Тиара во Феникс, Тиара запалила миризлива свеќа и во тој момент се случила страшна експлозија.
Беау буквално и го спасил животот, тој едвај стигнал до неа и ја изнел преку прозор.

- Ми го спаси животот, тоа не беше состанок каков што планиравме - вели Тиара која била во кома три седмици после несреќата.
53 проценти од телото на Тиара било прекриено со изгореници, а лекарите и дале мали шанси за да преживее. Откако се разбудила од кома, Тиара морала да научи да оди и јаде. Во процесот на заздравување имала 22 операции.

Поради изгореници на дланките, Беауалежел шест седимици на интензивна нега.
Оваа несреќа дополнително ги зближила, двајцата имаат целосно заздравено и сега живеат заедно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
-

ЈСП„Скопје“: Ќе се утврди причината за пожарот на автобусот, благодарност до возачот за брзата реакција
-

На ГП Табановце и ГП Блаце за излез од државата се чека до еден час
-

Општина Центар почна со расчистување диви депонии и наталожен отпад
-

Нема повредени во запалениот автобус на ЈСП „Скопје“ на Средно Водно, возачот спречил поголем пожар
