Градежна комора: Достигнат лимитот на најниска цена на становите
Градежната комора при Сојузот на стопански комори ги демантира информациите од објавената анализа на консултантската компанија „Фортон Македонија“ за висината на чинењето на цената на метар квадратен станбена површина и процентот на профитот на компаниите.
Во Скопје производната цена на метар квадратен нето станбен простор е околу 900 евра, а не помеѓу 450 и 660 евра, рече денеска на прес-конференција Ивица Јакимовски од Групацијата за високоградба при Градежната комора.
Во формирањето на таа цена, појасни, покрај градежните трошоци, со голем процент учествуваат локацијата, односно градежното земјиште, потоа комуналиите, трошоците за проектирање, ревизии и надзор, приклучоците, енергетската ефикасност што најчесто е од А класа што значително ги крева трошоците во производството и ангажираните средства на инвеститорите. Оттука, истакна Јакимовски, произлегува дека профитот на градежните компании во оваа дејност реално е околу 10 проценти до 15 проценти, а не како што лажно се претстави во јавноста дека профитот е за скоро 50 проценти.
Купувачите на станови во Скопје, појасни Јакимовски, плаќаат нето, а добиваат бруто површина, што значи заеднички површини, како влезови, скали, ѕидови, ходници, лифтови кои се 30 проценти од површината на станбениот објект. Тие не се вклучени во продажната цена на становите, а станарите ги добиваат во сопственост во идеален дел со купување нето површина.
Одговарајќи на новинарски прашања Јакимовски рече дека цената на метар квадратен нето продажна површина ќе се задржи на исто ниво.
Јакимовски ја потврди информацијата од анализата дека побарувачката на станови е зголемена за 30 проценти, што, како што рече, е благодарение на каматната стапка која е поволна за купувачите на становите како еден параметар. - Во периодот што следи би се задржало на тоа ниво, понудата на становите е на реално ниво, рече Јакимовски.
Зоран Дабевски од компанијата „Дабар“, претставувајќи анализа на трошоци за станбено деловен објект во Општина Кисела Вода, рече дека продажната цена за метар квадартен е 900 евра плус 5 проценти ДДВ, односно 945 евра за метар квадратен. Нето чист остаток за фирмата од тие 945 евра изнесува 82,60 евра или 8,7 проценти.
Според Дабевски, за пониски цени на становите во Скопје може да влијае намалувањето на трошоците за сопственост на земјиштето кое во главниот град е за 90 проценти повисока. Моментно најголемата експанзија на изградба на станови е во Општина Аеродром. Во една година, посочи, се градат по околу 3.000 станови.
Побарувачката на станови во изминатиот период, според Градежната комора, е зголемена и од владиниот проект „Купи куќа - купи стан“.
Ново на Сител
-
Вучиќ изјави дека ќе бидат распишани вонредни избори, но не прецизираше датум
-
СЗО: Глад и болести се шират во Судан, 25 милиони луѓе загрозени поради недостиг од храна
-
Жител на тетовско осомничен за задоволување полови страсти на јавно место
-
Поради сообраќајка во прекин регионалниот пат Маврови Анови - Дебар
-
Кривична за четири лица за тешка кражба, нанеле штета од над 10 милиони денари на ЈП за железничка инфрастрактура
-
Приведени две лица од Неготино, одзеле 30.000 евра од дом на брачен пар
-
Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа
-
76-годишна жена измамена за 20.000 евра - и кажале дека ќерка и била прегазена, биле потребни пари за операција