-->
-->
Ангелов - Диви: Секогаш е тешко да се откажеш од тоа што го сакаш
-->

Голманот Петар Ангелов Диви денеска на прес-конференција го образложи повлекувањето од македонската репрезентација, информација објавена преку социјалните мрежи пред неколку дена.
- Секогаш е тешко да се откажеш од тоа што го сакаш, со многу емоции почна во своето обраќање популарниот Диви.
Потоа продолжи:
- По завршување на Светското првенство во Катар, кое не помина според нашите очекувања, размислував за повлекување, но по консултација со некои соиграчи од репрезентацијата, решив да останам со цел да помогнам за да се пласираме на Олимпијадата. Се беше во ред до обелоденувањето на списокот за ЕП во Полска. Како член на една од најдобрите европски екипи очекував и јас да бидам на него. Но, кога видов дека ме нема ниту меѓу четворицата голмани на поширокиот список на 28 играчи, решив да кажам крај, соопшти диви на денешната прес-конференција.
Сега веќе екс репрезентативецот рече дека во неколку наврати бил потценуван, односно како што вели, предност добивале голмани кои не биле во подобра форма од него, но тој не реагирал со цел да на ја наруши атмосферата во националниот тим. За време на прес конференцијата дојдоа и дел од репрезентативците.
На крајот Диви на своите поранешни колеги од репрезентацијата им посака среќа на олимписките квалификации во Гдањск и обезбедено учество во Рио, а како што најави и самиот прв ќе ги пречекам и ќе ги поздравам за пласман на Олимписките игри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
