Светилките во куќата биле одвртени - Нови детали за двојното убиство во Козле
Сите светилки биле одвртени на спратот во куќата каде во скопско Козле, пред два дена беа убиени мајка и син, турски државјани. Полицијата се сомнева дека на тој начин убиецот сакал да добие во време или пак да се осигура дека ќе биде темно кога ќе го изврши убиството. Мајката била убиена во креветот, а телото на синот е пронајдено до креветот. Првичните информации велат дека тој бил убиен додека ги соблекувал панталоните, откако се вратил од вечерното излегување со невестата. Една од теориите вели дека е можно, прво да била убиена мајката, а потоа, убиецот да ги одвртел светилките и да го чекал синот. За оваа информација се уште нема официјална потврда. Врз телата на убиените потоа било истурено брашно. Од кои причини убиецот се решил на овој чекор нема информации.
Начинот на кој се убиени Самет С. (29) и неговата мајка Ѓулчин Е.(52) укажува на тоа дека зад убиството стои професионалец. Во нив било пукано со пиштол со пригушувач.
- Сопствениците на куќата кога се симнале на долниот кат каде спиеле нивните гости од Турција забележале дека се убиени, по што случајот е пријавен во полиција. Првично, според исказот на пријавителот никој не слушнал ништо.
Констатирано е дека вратата не е насилно отворена, но била пронајдена отворена, изјави вчера помошник министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски.
Засега се знае дека убиениот Самет С. (29) пред неколку месеци стапил во брак со ќерката на 57-годишниот Н.А. кој е сопственик на куќата во која двајцата се убиени. Мајката Ѓулчин и нејзиниот син, според информациите воделе лагоден живот а не работеле ништо.
Ново на Сител
-
Пријавил кражба, а украдените предмети всушност ги дал на друго лице - пријава за „лажно пријавување на кривично дело“
-
Нови наоди за „Изгубениот град“ на дното на во Атлантскиот Океан
-
Почина осуденик во затворот К’шање
-
Над 200 илјади родители и старатели може да пристапат до Е-дневникот преку мобилна апликација
-
Објавен списокот на кошаркари за натпреварите со Естонија и Полска
-
Училиштата ќе добијат упатство за постапување во случај на хибридни закани
-
Маж и жена од Неготино меѓусебно се истепале па се пријавиле во полиција
-
Над 900 санкции за сообраќајни прекршоци за еден ден на територија на цела држава