„Евростат“: Цените на становите во ЕУ растеле побрзо од приходите на домаќинствата

Купувањето стан во Европската Унија станало помалку достапно во последните десет години, бидејќи просечните цени на недвижностите растеле побрзо од приходите на домаќинствата. Во периодот од 2015 до 2025 година, кај 17 држави-членки на Унијата забележано е зголемување на разликата меѓу цените на становите и приходите на домаќинствата, објави денеска „Евростат“.
Според податоците на Европската служба за статистика, показателот што го споредува движењето на цените на становите со бруто расположливиот доход на домаќинствата по жител, на ниво на ЕУ бележи раст од 6,8 отсто.
Најголемо зголемување на разликата меѓу растот на цените на становите и приходите е забележано во Португалија, каде што показателот пораснал за 60,8 отсто.
Висок раст е регистриран и во Холандија, од 34,3 отсто, Унгарија – 26,5 отсто, Чешка – 25,8 отсто и Шпанија – 24,5 отсто.
Наспроти нив, во десет земји-членки показателот се намалил. Најголем пад е забележан во Романија, за 42,8 и во Финска, за 25,2 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
-

Зеленски: Повторно го забавија „Ѕвездениот штит“, со што им се помага на Русите да нè убиваат
-

46-годишник од Кратово физички ја напаѓал и малтретирал бремената партнерка
-

Скопје во знакот на боксот: Јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“
-

Утре силен јужен ветер и температури над просекот
-

Приведени 8 возачи во изминатото деноноќие, 6 возачи управувале возило без положен возачки испит
-

Кибернапад во Швајцарија: Украдени лични и медицински податоци на пациенти и вработени
