Европа годинава е на врвот во купувањето електрични возила

Во првите девет месеци од оваа година има дополнително зголемување на бројот на регистрации на електрични возила, покажува истражувањето на консултантската фирма „PricewaterhouseCoopers“, која ги опфаќа главните глобални пазари.
Од јануари до септември оваа година, регистрирани се приближно 11 милиони целосно електрични возила, што претставува зголемување од 12 проценти во однос на претходната година.
Истражувањето, објавено пред неколку дена, покажа дека главен двигател на растот на продажбата е Европа.
Од почетокот на годината до крајот на септември, производителите на автомобили во Европа продадоа вкупно 2,5 милиони целосно електрични автомобили, што претставува зголемување од 42 проценти во однос на претходната година, објави ДПА.
Во Германија се регистрирани 604.000 нови електрични автомобили, што е за 58 проценти повеќе отколку во првите девет месеци од минатата година.
Германија со тоа се рангираше на третото место во светот по бројот на регистрации на нови електрични автомобили, намалувајќи ја разликата зад второпласираните САД, објави „Сибиз“ (Sibiz).
Во меѓувреме, регистрациите на електрични возила во САД се намалија.
Во првите девет месеци од оваа година таму се регистрирани околу 746.000 електрични возила на батериски погон, што е намалување од 29 проценти во однос на истиот период минатата година.
Растот на продажбата на електрични возила на најголемиот светски автомобилски пазар е забавен, додека продажбата во Кина стагнира на околу шест милиони возила, соопшти компанијата.
МИА
Ново на Сител
-

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци
-

Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец
-

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година
-

Од утре повторно температури над просекот и повремен дожд
-

Иран соопшти дека со шест дрона нападнал американска воена база во Бахреин
-

Утрово најстудено во Лазарополе, најтопло во Охрид и Претор
-

„СпејсИкс“ за првпат успешно го прифати горниот сегмент на ракетниот систем „Старшип“
-

Макрон повика на единство и консензус на Самитот на Франкофонијата во Пном Пен
