Најтопло утро во Гевгелија, најстудено на Попова Шапка

Најтопло утрово е во Гевгелија, а најстудено е на Попова Шапка, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи до 8:30 часот.
Регистрирани биле 0 Целзиусови степени на Попова Шапка, 2 - Маврови Анови, Лазарополе, 3 - Крушево, 5 - Охрид, 6 - Берово, Претор, Крива Паланка, Прилеп, Виница, Куманово, 8 - Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Битола, Струмица, Штип, 9 - Скопје-Петровец, Кавадарци, Демир Капија, 10 - Велес, а 11 во Гевгелија.
Од УХМР најавуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно, во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 Целзиусови степени.
Во Скопје, исто така, се очекува променливо облачно време со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 Целзиусови степени.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски: Повторно го забавија „Ѕвездениот штит“, со што им се помага на Русите да нè убиваат
-

46-годишник од Кратово физички ја напаѓал и малтретирал бремената партнерка
-

Скопје во знакот на боксот: Јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“
-

Утре силен јужен ветер и температури над просекот
-

Приведени 8 возачи во изминатото деноноќие, 6 возачи управувале возило без положен возачки испит
-

Кибернапад во Швајцарија: Украдени лични и медицински податоци на пациенти и вработени
-

Студија: Кај младите што користат електронски цигари забележан пад на белодробната функција по само една годинa
-

Руската вакцина против рак даде резултати, кај првиот пациент метастазите се повлекоа
