Русија забрани извоз на петрохемиски производи

Владата на Русија привремено забрани извоз на одредени видови петрохемиски производи, со исклучок на земјите од Евроазиската економска унија (ЕАЕУ).
Привремената забрана е воведена за да се обезбеди стабилно снабдување со суровини за домашните индустриски претпријатија.
Забраната е воведена на три месеци, а ги опфаќа испораките на катран од јаглен и нафтен бензен, толуен, ортоксилен, параксилен и фенол.
Овие производи се користат, меѓу другото, во производството на бои и лакови за автомобилскиот и авијацискиот сектор, бродоградбата и железничкиот сектор, како и во производството на пакување храна, материјали за подови и изолација на кабли и во медицинските производи.
Покрај земјите од ЕАЕУ, руската влада ги ослободи од данок на петрохемиските производи во меѓународните транзитни пратки, за меѓународна хуманитарна помош и за пратки наменети за руски организации на норвешкиот архипелаг Свалбард.
Руските испораки на овие хемикалии веќе се предмет на санкции од Европската Унија.
МИА
Ново на Сител
-

Протести во Прага поради планираното укинување на претплатата за чешките јавни медиуми
-

Од специјализирана продавница за „Покемон“ украдени карти во вредност од над 130.000 евра
-

Трамп бара од Конгресот дополнителни средства за модернизација на американскиот систем за контрола на воздушниот сообраќај
-

Следува променливо облачно и потопло време, од среда повремено силен јужен ветер
-

Изминатото деноноќие 15 пријави за семејно насилство во државава
-

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци
-

Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец
-

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година
