Зверев за прв пат светски рекет број 1

Германскиот тенисер Александар Зверев се искачи на првото место на АТП ранг-листата за прв пат во својата кариера. Ажурираната листа е објавен денес на официјалната веб-страница на организацијата.
Минатата недела, Зверев стигна до полуфиналето на АТП 500 турнирот во Виена, каде што загуби од Австралиецот Алекс де Минаур (4-6, 6-1, 6-7 (4-7)). Неговото учество во четвртфиналето му го гарантираше на Германецот првото место на светската ранг-листа.
Зверев го надмина Италијанецот Јаник Синер, кој го држеше првото место од април 2026 година, и стана 30-тиот играч во историјата кој се искачил на врвот на АТП ранг-листата.
Најдобрите десет на АТП ранг-листа објавена на 2 ноември:
Александар Зверев (Германија) — 9.550 поени
Јаник Синер (Италија) — 9.450
Карлос Алкараз (Шпанија) — 6.100
Бен Шелтон (САД) — 4.530
Данил Медведев (Русија) – 3860
Флавио Коболи (Италија) – 3690
Артур Фис (Франција) – 3525
Франсис Тиафое (САД) – 3430
Алекс де Минаур (Австралија) – 3410
Рафаел Џодар (Шпанија) – 3209.
МИА
Ново на Сител
-

Кибернапад во Швајцарија: Украдени лични и медицински податоци на пациенти и вработени
-

Студија: Кај младите што користат електронски цигари забележан пад на белодробната функција по само една годинa
-

Руската вакцина против рак даде резултати, кај првиот пациент метастазите се повлекоа
-

Сиљановска-Давкова на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
-

Помалку убиства во Македонија за една деценија, Црна Гора предничи во регионот, а Литванија во ЕУ
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва, денеска ќе се сретнат со Путин
-

Најстудено утрово во Струмица, најтопло во Демир Капија
-

Над 1.000 магистри и 39 доктори на науки се водат како невработени во Македонија
