Сопругот на убиената Јелена пуштен од полиција, дома го чека ќеркичката
Полицијата спроведува интензивна истрага за расветлување на сите факти и околности околу убиството на пејачката Јелена Крсмановиќ, за што побрзо да ги идентификува осомничените.
Зоран Марјановиќ, сопруг на убиената пејачка Јелена Марјановиќ, која денеска попладне е пронајдена мртва, го помина полиграфското испитување во полиција, а по повеќекратното испрашување вечерва е пуштен дома. Тој по полиграфот е задржан во полиција, а вечерва е пуштен дома по што ќе може да си ја види својата ќеркичка.
Исто така уште некои од членовите на семејството Марјановиќ во текот на денот беа полиграфски тестирани. Тоа сепак не значи дека било кој од нив е осомничен за убситвото на Јелени, ниту дека против било кој од нив се води полициска истрага, туку тоа е вообичаена процедура во вакви случаи.
Свекорот на настраданата пејачка исто така е во полиција и во тек е негово испрашување.
Ново на Сител
-
Расчистени диви депонии во Бутел и Чаир
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Пронајдена почината изгубената планинарка на Шар Планина
-
Во Лазарополе минус еден, на Попова Шапка нула степени
-
Седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади
-
Денес се празнуваат светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија
-
ИДФ го уби лидерот на Хамас во Либан
-
Бајден: Недозволиво е да избувне сеопфатна војна на Блискиот исток