Путелас и Кејн добитници на „Златната топка“ за 2026 година

Англискиот репрезентативец и фудбалер на минхенски Баерн Хари Кејн ја доби највисоката индивидуална награда во фудбалот „Златната топка“, а кај жените нагардата и припадна на Алексија Путелас. Кејн е првиот Англичанец по Мајкл Овен, кој во 2001 година ја добива оваа награда. Кејн годинава постигна 61 гол за баерн на 51 натпревар во сите натпреварувања, а ги освои титулата и купот во Германија. Притоа ја предводеше и Англија на Светското првенство, каде беше стрелец на шест гола.
Конкуренцијата за наградата оваа година беше жестока. Килијан Мбапе ги сруши рекордите за постигнување голови на Светското првенство. Ламин Јамал ѝ помогна на Шпанија да стигне до славата на Светското првенство. Сепак, гласачите на крајот го избраа Кејн, чија извонредност траеше цела сезона. Мбапе заврши втор, по него Ламин, Родри и Лионел Меси.
Во женска конкуренција Алексија Путелас, ја освои „Златната топка“ по трет пат. Таа ја доби наградата откако ја освои тројната круна со Барселона во сезоната 2025/26, покрај Шпанскиот Суперкуп. Путелас се пресели во тимот на женската Суперлига Лондон Сити Лајонес во јули по 14 години во Барселона.
Фудбалерите на Шпанија и Барселона ги освоија наградите за млади таленти, Ламин го освои својот трет трофеј во конкуренција на мажи, а Вики Лопез ја освои наградата за жени втора година по ред.
Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте беше прогласен за тренер на годината кај мажите, додека Пере Ромеу од Барселона ја освои наградата за тренер кај жените.
Наградата за машки голман му припадна на Унаи Симон од Шпанија и Атлетик Билбао, додека Ката Кол од Шпанија и Барселона ја освои наградата за жени.
Пари Сен Жермен ја освои наградата за машки клуб на годината, додека Барселона ги доби почестите кај жените. Кејн ја освои наградата за машки напаѓач на годината, додека Чарлин Корал беше прогласена за најдобар женски напаѓач.
Крилниот напаѓач на Арсенал и Англија, Букајо Сака, ја доби наградата Сократес за хуманитарна работа.
МИА
Ново на Сител
-

21-годишник пронајден мртов покрај изгорен автомобил во Богданци, во возилото откриено уште едно тело
-

До недела стабилно време, за викендот утринската температура под нулата
-

Поради „ретрограден Меркур“, министерката за образование во БиХ ги одложува активностите, советува и другите да го сторат истото
-

Победата на демократите ги потресе светските берзи
-

Пронајдена марихуана при претрес во Прилеп, приведено едно лице
-

„Флајдубаи“ од 1 април 2027 година повторно ќе лета на релација Дубаи - Скопје
-

Од 5 ноември исплата на средства за клиентите на АЛТА банка без платежни картички во Битола
-

Притвор од 30 дена за Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“
