Трамп: Ѝ дадовме многу на Украина, тие нам ништо не ни дадоа

Американскиот претседател Доналд Трамп упати нови критики кон Украина, тврдејќи дека САД ѝ обезбедиле значителна помош на земјата, без притоа да добијат нешто за возврат.
„Ѝ дадовме многу на Украина. Тие не ни дадоа ништо нам. Запомнете го тоа“, изјави Трамп пред новинарите во Вашингтон во понеделникот.
Во меѓувреме, американскиот медиум „Аксиос“ објави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски изразил незадоволство поради наводното одложување на испораките на американско оружје.
Според извештајот, Зеленски го покренал прашањето за време на онлајн состанок со сенатори од Демократската и Републиканската партија.
Украинскиот претседател, наводно, посочил дека американскиот министер за одбрана Пит Хегсет не одобрува испорака на ракети за системите „Патриот“, како и на друга муниција за противвоздушна одбрана, иако земјите членки на НАТО веќе ги платиле. „Аксиос“ се повикува на транскрипт од разговорот.
„Сето ова укажува дека е донесена некаква политичка одлука за забавување на поддршката за нас“, биле зборовите на Зеленски, пренесува медиумот.
И „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, објави дека паузата во испораките се одразила и врз воената помош од други украински партнери, за чие реализирање е потребно одобрение од американските власти.
Сепак, висок функционер на американското Министерство за одбрана ги негирал ваквите наводи. Во изјава за германската новинска агенција ДПА, тој посочил дека немало никакви промени во програмата преку која членките на НАТО набавуваат американско оружје за Украина. Според него, не биле направени промени ниту во размената на разузнавачки информации.
Во меѓувреме, Трамп ја продолжи критичката реторика кон Киев, откако Зеленски оцени дека ставот на американскиот претседател кон Русија и Кремљ го поставува на погрешната страна на историјата.
„Зеленски не знае за што зборува“, одговори американскиот претседател.
Трамп дополнително оцени дека украинскиот лидер не придонесува доволно за дипломатските напори за завршување на војната.
„Украинскиот претседател воопшто не помага многу“ во обидите да се стави крај на конфликтот, изјави Трамп.
Ново на Сител
-

Хет-трик на Стефан Ристиќ за голема победа на македонската репрезентација до 17 години над Унгарија
-

Андовски: Алта банка АД Битола ги исполнувала сите супервизорски стандарди пред воведувањето администрација
-

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување
-

Културата како мост за поврзување со Јапонија
-

Мицкоски: Ваква енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
-

Казино во Кичево фатено како краде струја – со уред од црниот пазар манипулирале броила и направиле штета од 44.000 евра
-

Насилничките од Ѓорче Петров кои тераа 13-годишно девојче да јаде кучешки измет упатени во поправен дом
-

Јован од Струмица освои прво место на меѓународен шаховски турнир во Србија, победи двајца интермајстори и двајца фидемајстори
