Ќе се заштитува Студенчишкото блато
Ќе се заштитува и ревитализира Студенчишкото блато во Охрид кое некогаш било главно мрестилиште на крапот и други видови риби, но и дом за многу птици. Поради прекумерната урбанизација изминатите години површината на блатото е значително намалена, екологистите посочуваат дека потребни се посериозни интервенции за да се заштити.
Заштитата на блатото е препорака од УНЕСКО со цел да се зачува како природен филтер на Охридското Езеро и живеалиште на ендемични видови.
Студенчишкото блато како една целина со езерото од неодамна е прогласено за Рамсар подрачје како водно живеалиште од меѓународна важност што значи подлежи на одредено ниво на заштита, а во тек е и подготовка за негово прогласување за заштитено подрачје од четврта категорија односно за парк на природата.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
