Трамп: Норвешка има „неизбришлива дамка“ зашто не ми додели Нобелова награда за мир

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го изрази своето незадоволство што не ја доби Нобеловата награда за мир, нарекувајќи ја одлуката срамна и понижувачка и обвинувајќи дека со неа е фрлена дамка врз Норвешка, каде што е седиштето на Нобеловиот комитет.
Трамп остро ја критикуваше Норвешка неколку часа откако Комитетот ја додели годинашната награда на Нави Пилај, поранешна судијка во Меѓународниот кривичен суд, која го предводеше изготвувањето на извештајот на Обединетите нации во кој се заклучува дека Израел извршил геноцид во Појасот Газа.
За време на предизборниот митинг во Сиракуза, Трамп ја нарече Пилај „непозната личност“.
-Никогаш не сум слушнал за таа личност. Никој не слушнал - изјави американскиот претседател.
-Тоа е неизбришлива дамка врз Норвешка и врз луѓето што донесоа таква срамна и понижувачка одлука - додаде тој.
Тој наброја повеќе конфликти во чие решавање тврди дека имал улога, наведувајќи дека помогнал да се спречат војни меѓу Северна и Јужна Кореја, меѓу Јапонија и Северна Кореја, како и меѓу Кина и Тајван.
„Нобеловата награда за мир е засекогаш дискредитирана од мал број радикални идеолози кои се противници на демократијата и, всушност, се непријатели на цивилизацијата. И ние нема да заборавиме, Норвешка“, изјави Трамп.
Инаку, секоја година од својот претседателски мандат Трамп изразуваше разочарување што не ја добил оваа престижна награда.
МИА
Ново на Сител
-

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен
-

Инцидент во Аеродром: Пресметка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички, еден повреден
-

САД ја предупреди Москва за голем терористички напад - затворен познат музејски комплекс
-

Почина легендарниот пејач Мишо Ковач
-

Ѓорѓиевски: Бесплатен разглед на Матка и Врело - светот слушна за нашето богатство, време е сите да го доживееме
-

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
-

Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
-

Куче без надзор и маска каснало жена во Кратово, сопственичката доби кривична пријава
