Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска им се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп и државниот секретар за одлуката за воведување санкции против Меѓународниот кривичен суд.
„Го поздравувам претседателот Трамп и државниот секретар Рубио за донесувањето на оваа клучна одлука за воведување санкции против МКС. МКС не е суд. Тоа е политичко тело што претставува смртна закана за демократиите што го почитуваат правото ширум светот, како и за самата идеја за национален суверенитет. Ви благодарам за вашето лидерство“, напиша Нетанјаху на Х.
Соединетите Американски Држави воведуваат опсежни санкции против Меѓународниот кривичен суд, соопшти денеска Стејт департментот.
Мерките ќе забранат трансакции со судот со седиште во Хаг, ќе ги прекинат неговите ресурси и сериозно ќе ја ограничат неговата способност за работа, соопшти департментот.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Во Скопје в среда продолжува најголемата еко-акција досега
-

ЈОРСМ: Лани во октомври на Михајлова ѝ се одземени два пасоша и не ѝ беа вратени поради ризик од бегство
-

Лишени од слобода 14 возачи за „безобѕирно управување возило“, 12 возеле без положен возачки испит
-

МНРиНТ за бегството на Михајлова: Постапувањето на бугарските државни институции ги подрива напорите што ги вложуваме за градење доверба
-

Мицкоски: Македонија ќе биде раскрсница на двата паневропски коридора и нејзиното геостратешко значење ќе биде поголемо
-

Роналдо го спореди своето соперништво со Меси на она на Сена и Прост во Формула 1
-

Директор на училиште и еден наставник повредени во пукање на југот на Франција
-

69-годишник од Грција пронајден починат во с.Ново Село, телото предадено на обдукција
