Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година

Владата денеска на седница го разгледа и усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година.
- Со предложените измени се врши приспособување на приходната и расходната страна на Буџетот, како резултат на фискалното влијание од мерките што ги презеде Владата за поддршка на граѓаните и бизнисот, преку намалувањето на акцизата и ДДВ-то кај горивата - стои во соопштението на владината прес-служба.
Со предложените измени, вкупните приходи се проектираат на ниво од 374,2 милјарди денари, додека расходите се проектираат на 420,5 милјарди денари, при што буџетскиот дефицит се задржува на непроменето ниво.
Целта на предложените измени е да се одржи стабилноста на јавните финансии, да се обезбеди непречено и редовно функционирање на институциите, реализација на предвидените програми и навремено сервисирање на сите обврски - додаваат од Владата.
Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот ќе биде доставен до Собранието на понатамошно разгледување и усвојување.
МИА
Ново на Сител
-

Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и натаму во убедливо водство
-

Киев со остри критики по одлуката на САД да ги ублажат санкциите за рускиот дизел
-

Прогласена „голема катастрофа“ во Панама по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени
-

На парламентарните избори во Србија ќе учествуваат 18 партии и коалиции
-

Облачно со локални врнежи од дожд
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
