Стоилковиќ се сретна со делегација на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денеска оствари средба со делегација на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, во рамките на мониторинг-посетата на Македонија, што се реализира во периодот од 6 до 8 октомври.
На средбата, како што информираат од МЛС, на која присуствуваа двајцата коизвестувачи за локалната демократија, Андерс Кнапе од Шведска и Матијас Гизин од Швајцарија, како и Ивета Рајнхолде, член на Групата независни експерти за Европската повелба за локална самоуправа, се разговараше за состојбата со локалната демократија во земјата, функционирањето на локалната самоуправа, како и за спроведувањето на обврските преземени со ратификацијата на Европската повелба за локална самоуправа.
Посебен фокус беше ставен на препораките содржани во Препораката 466 (2021) на Конгресот за примената на Европската повелба за локална самоуправа во Македонија, како и на напредокот во нивното спроведување.
Мониторинг-посетата има за цел да обезбеди сеопфатен увид во состојбата со локалната и регионалната демократија во земјата и да придонесе кон отворен и конструктивен дијалог со националните и локалните власти.
РС Македонија ја ратификуваше Европската повелба за локална самоуправа во 1997 година, со што презеде обврски за почитување на европските стандарди во областа на локалната демократија и локалната самоуправа.
По завршувањето на мониторинг-посетата, делегацијата на Конгресот ќе подготви извештај и препорака за примената на Повелбата во РС Македонија, кои ќе бидат разгледани на една од следните сесии на Конгресот.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
-

Помалку убиства во Македонија за една деценија, Црна Гора предничи во регионот, а Литванија во ЕУ
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва, денеска ќе се сретнат со Путин
-

Најстудено утрово во Струмица, најтопло во Демир Капија
-

Над 1.000 магистри и 39 доктори на науки се водат како невработени во Македонија
-

„Волстрит џурнал“: Трамп го поддржува Венс за директни разговори со Резаи
-

Зеленски се надева на конкретни резултати од преговорите за крај на војната до крајот на годината
-

Македонија сè попривлечна за туристите – над 136.000 посетители во септември, од нив речиси 28.000 од Турција
