За само шест месеци откриени над 6.300 AI-слики со сексуална злоупотреба на деца

На Интернет сè повеќе се појавуваат содржини со сексуална злоупотреба на деца создадени со помош на вештачка интелигенција. Бројот на таквите материјали откриени годинава веќе го надмина вкупниот број регистриран во текот на 2025 година, објави лондонски „Гардијан“.
Аналитичарите на британската организација „Интернет воч фаундејшн“ (ИВЕФ) што го следи ширењето такви содржини во светот, во првата половина од 2026 година откриле 6.310 слики создадени со вештачка интелигенција кои според британскиот закон се сметаат за материјали со сексуална злоупотреба на деца.
Тоа е за 40 отсто повеќе од вкупниот број такви слики откриени во текот на целата 2025 година, кога биле регистрирани нешто повеќе од 4.500.
Забележана е тенденција на пораст на ваквите случаи од година во година, а особено брзо се зголемува бројот на видео-содржини, иако најновите податоци на ИВЕФ се однесуваат само на фотографии.
Најголемиот дел од анализираните слики прикажуваат девојчиња и деца на возраст од седум до 13 години.
Од ИВЕФ предупредуваат дека податоците јасно покажуваат потреба од нови правила за вештачката интелигенција.
Владата на британскиот премиер Енди Барнам сè уште не најавила подготовка на нов закон за оваа технологија. Британскиот министер за вештачка интелигенција, Канишка Нарајан, изјави дека сите опции за нови правила се отворени, но дека главното прашање при разгледувањето на секој законски предлог ќе биде дали со него „британските граѓани ќе бидат побезбедни“.
Во Велика Британија незаконско е создавањето содржини со сексуална злоупотреба на деца со помош на вештачка интелигенција. Забрането е и приспособување на моделите на вештачка интелигенција за создавање такви материјали, како и нивно ширење.
За развој на модел на вештачка интелигенција наменет за создавање хиперреалистични материјали од овој вид е предвидена затворска казна до пет години.
МИА
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
