Во Собранието продолжува Регионалната конференција за фемицид во Југоисточна Европа

Во Собранието денеска втор ден ќе се одржува Регионална конференција за фемицид во Југоисточна Европа, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
На конференцијата ќе се обрати Диана Жупаноска, национална офицерка за владеење на правото и човекови права во Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а инспиративна сторија од страна ќе презентира Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет на Северна Македонија.
На тема „Оперативни стандарди за идентификување и истражување на родово поврзани убиства“ ќе говорат Џема Николас, одбор на директори на Унитарната платформа против родово насилство, Шпанија, Иванка Марковиќ, судијка на Уставен суд на Република Српска и редовна професорка по кривично право и кривично процесно право, Универзитет во Бања Лука, Босна и Херцеговина и Сања Станковиќ, виша советничка при Комесаријатот за заштита на еднаквоста од Србија.
На сесијата насловена „Оперативни стандарди за собирање податоци за фемицид“ ќе говорат Дубравка Шимоновиќ, поранешна специјална известувачка на ОН за насилство врз жени и девојчиња, Брунилда Дервишај, помошник-комесарка на Генералниот оддел и тематски експерт за фемицид - Опсерваторија за фемицид во Албанија, Аделина Бериша, програмска директорка за справување со родово базирано насилство, Косовска мрежа на жени, Приштина, и Билјана Настовска, надворешна соработничка на Мисијата на ОБСЕ во Косово.
Заклучоциците, препораките и следните чекори ќе ги презентираат Диана Жупаноска, национална офицерка за владеење на правото и човекови права во Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Елмаја Бавчиќ, советничка за родова еднаквост при Секретаријат на ОБСЕ.
Регионалната конференција ќе биде затворена од Сузан Пенкса, заменик-шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Хакиран мејлот на министерот за здравство на Грција – во негово име „нарачале“ 200 луксузни автомобили и 25 оружја
-

ЕУ воведува ограничување за токсинот цереулид во храната за бебиња
-

Со богослужби и свечена академија ќе бидат одбележани 130 години од храмот „Свети Димитриј“
-

Јаневска: Врсничкото насилство бара заедничка одговорност, родителите мора повеќе да се вклучат
-

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента
-

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово
-

36-годишник уценувал девојка со интимни фотографии, барал пари и сексуални услуги
-

16-годишна прилепчанка пријавила дека била претепана од партнерот и неговиот татко
