Мислел дека нашол обично маче и си го однел дома, а всушност открил нов вид дива мачка по повеќе од 100 години
Во Боливија е откриен нов вид дива мачка, што претставува прво вакво откритие во повеќе од еден век.
Станува збор за видот Leopardus tilcayo, познат како тигреста мачка Тилкајо, кој досега не бил официјално препознаен од науката.
Необичната приказна започнала кога жител на Боливија го пронашол животното додека било мало и, мислејќи дека станува збор за домашно маче, го зел со себе.
Подоцна, кога станало јасно дека не се работи за обична домашна мачка, животното било предадено во локално засолниште за диви животни.
Таму мачката го привлекла вниманието на истражувачите поради својот необичен изглед. По научни и генетски анализи, експертите утврдиле дека станува збор за посебен, дотогаш непрепознаен вид дива мачка.
Откритието е особено значајно бидејќи Leopardus tilcayo е првиот нов жив вид од семејството мачки што е научно опишан по повеќе од 100 години.
Новиот вид е поврзан со облачните шуми во Боливија, а неговото откривање уште еднаш покажува дека во тешко достапните делови на Јужна Америка сè уште постојат животински видови кои не ѝ се познати на науката.
Ново на Сител
-

Продолжуваат протестите во Франција, се очекуваат нови блокади на училиштата
-

Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова Шапка
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
