Провалиле во над 10 куќи, украле злато, пари и оружје – од една извлекле и сеф тежок 400 килограми
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против четири лица осомничени дека во периодот од април до септември извршиле серија тешки кражби во повеќе села на подрачјето на Општина Боговиње.
Според Обвинителството, осомничените провалиле во над 10 куќи, од каде одземале пари, златен накит и различни видови огнено оружје кое сопствениците го поседувале со дозвола.
При една од кражбите во селото Палчиште, од куќа успеале да изнесат и сеф тежок околу 400 килограми.
Вкупната вредност на украдените предмети досега се проценува на околу 15 милиони денари.
На двајца од осомничените, по предлог на обвинителството, им е определен краткотраен притвор од 48 часа, додека по другите двајца се трага. За нив притворот ќе започне да се смета од моментот на нивното пронаоѓање и лишување од слобода.
Од Обвинителството информираат дека интензивно се прибираат докази за сите случаи.
Ново на Сител
-

Грчкиот парламент одобри забрана за пристап до социјалните мрежи за деца под 15 години
-

Путин: Преговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа
-

Мајкрософт развива алатка со вештачка интелигенција што може да поставува дијагнози како лекар
-

Сиљановска-Давкова: Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели
-

„Свои на своето!“ - Ден на македонската револуционерна борба
-

Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 во Будимпешта
-

Променливо облачно со повремен дожд
-

Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
