Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Дата центрите се иднината. Тоа е процес којшто е неповратен. Човештвото се движи во таа насока, а секој кој има дилема, не и мисли добро на сопствената држава, вели премиерот Христијан Мицкоски во интервјуто за МИА што го даде за време на престојот во Вашингтон.
Вели дека Владата гарантира дека овие дата центри за кои се разговара ќе бидат со затворен круг на разладување и нема да трошат многу вода.
- Сите кои не се разбираат во високата технологија, зборуваат за бучава, за водено ладење. Ние сега имаме и воздушно ладење, и фреонско ладење, така што жалам што се уште кај нас постојат и такви политички сили и елементи кои се обидуваат да не вратат повторно во некои времиња на 19, почеток на 20 век, мислејќи дека на тој начин по пат на емоција ќе привлечат внимание, но мислам дека се политички губитници и ќе бидат поразени бидејќи македонските граѓани сакаат да ја видат државата како оди напред, вели Мицкоски.
Открива дека веќе се разговара со компанијата Рамбл на Крис Павловски, но и со уште пет други компании.
- Го спомнавте Крис Павловски и Рамбл - тие сега направија аквизиција, купија компанија во Германија и сега се компанија од околу пет милијарди долари. Тоа е една сериозна групација која сериозно се развива. Да, разговараме со него. Меѓу другото имаме уште пет други компании со кои што разговараме, вели Мицкоски.
Нагласува дека Владата има јасен план поточно економски развој којшто ќе се темели на три столба - инфраструктура, енергетска инфраструктура и висока технологија.
- Што е главната цел на оваа Влада? Економски развој кој што ќе се темели на три столба - инфраструктура - патна и железничка. Енергетска инфраструктура, производни капацитети и преносни системи. Трето - висока технологија меѓу која се и податочните, дата центри, но и диверсификација на преработувачката индустрија бидејќи најголем дел од нашите инвеститори кои се дојдени од странство во периодот 2008 - 2012 година се во автомобилската индустрија. Таму работите се менуваат, и работиме на диверсификација на ова портфолио. Ова е практично стратегијата на оваа Влада и се што правиме и работиме е во таа насока - како економски да го забрзаме развојот затоа што веќе трудово интензивната индустрија ние нема да можеме да ја сервисираме во иднина, имаме се помалку работна сила, посочува Мицкоски.
Според премиерот, на државата и треба високо технолошка индустрија, со голема додадена вредност, со која што ќе се зголеми Бруто домашниот производ и стандардот на граѓаните.
- Овој процес нема да биде за еден мандат. Ова е процес кој што треба да трае 2-3-4 мандати. Не велам дека оваа Влада ќе биде толку долго, ниту пак јас пледирам да бидам претседател толку долго во Владата. Но во суштина ова треба да биде национална стратегија, како треба да се развива државата. Овој процес е неповратен. Човештвото оди натаму и впрочем ние денес без вештачка интелигенција и некои податочни центри кои што некаде функционираат веќе не можеме да направиме ниту телефонски повик преку мобилен телефон, вели Мицкоски во интервјуто за МИА.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
-

Путин: Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили
-

Во Франција денеска ќе бидат затворени повеќе од 400 средни училишта поради протести на учениците
-

86 кг храна годишно по жител завршуваат во отпад од македонските домаќинства - глобално пропаѓаат над милијарда оброци дневно
-

Посебен режим на сообраќај поради посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен
