Русија ги затвора канцелариите на германскиот Гете-институт

Русија ќе ги затвори филијалите на германскиот Гете-институт во Москва, Санкт Петербург и Екатеринбург, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Одлуката следува откако Германија најави затворање на Рускиот дом во Берлин, во рамки на новите контрамерки кон Москва.
Лавров порача дека Русија мора да возврати на потегот на Германија, нагласувајќи дека затворањето на културниот центар во Берлин не може да остане без одговор.
Потегот е дел од продлабочувањето на дипломатските тензии меѓу двете земји.
Берлин, пак, ја обвини Русија дека стои зад неодамнешниот инцидент со дрон на аеродромот „Лајпциг/Хале“ и најави дополнителни мерки.
Германија планира и затворање на рускиот Генерален конзулат во Бон, раскинување на договорот за функционирање на Рускиот дом во Берлин и заострување на контролите за влез на руски државјани.
МИА
Ново на Сител
-

Утрово уапсен Перпарим Бајрами, сам се предал на полицијата
-

Македонија прослави 35 години независност со светски музички спектакл на Давид Гета | ФОТО
-

Изминатото деноноќие вкупно 34 пожари, три активни, седум под контрола
-

Во Осло денеска државен погреб на норвешкиот крал Харалд Петти
-

Шји Џјинпинг и Путин му честитаа на Ким Џонг-ун по повод националниот празник на Северна Кореја
-

Денеска прскање против ларви од комарци на подрачјето на Скопје
-

Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност
-

Путин преку телефон му кажал на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа
