Герасимовски: Почнуваме есенска офанзива низ сите маала во Центар

Општина Центар започнува есенска теренска офанзива во која градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со општинските служби и одговорните лица од урбаните заедници, ќе ги посети сите маала и улици на територијата на општината - соопшти денеска општинската прес-служба.
Целта е директно на терен да се евидентираат проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните – оштетени улици и тротоари, дупки, паднати или оштетени столпчиња, проблеми со урбаната опрема и сите други недостатоци за кои Општината може веднаш да преземе мерки.
Есенската офанзива започнува од Капиштец, а во следниот период ќе продолжи во сите останати маала и урбани заедници во Центар.
- Почнуваме од Капиштец, но ќе ги поминеме сите маала, улици и урбани заедници. Заедно со службите, одговорните во урбаните заедници, но и со граѓаните, сакаме на лице место да ги видиме проблемите и што побрзо да реагираме. Се работи секојдневно, но секогаш има работи што треба да се поправат и подобрат. Затоа излегуваме на терен – да ги слушнеме граѓаните, да ги детектираме проблемите и да ги решаваме еден по еден - вели во пишана изјава Герасимовски.
Од Општина Центар посочуваат дека теренските обиколки ќе продолжат во наредниот период, со цел забелешките од граѓаните побрзо да стигнат до надлежните служби и да се интервенира таму каде што е потребно.
МИА
Ново на Сител
-

Во пожар во Шуто Оризари изгореа неколку објекти
-

Намален бројот на одобренија за градба
-

Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител
-

Активни два пожара, четири се под контрола, а 25 изгаснати
-

Дваесет и пет години од најголемиот терористички напад врз САД на 11 септември
-

Опозицијата ќе поставува прашања на премиерот и на министрите
-

Трамп: Не се каам за војната со Иран и не верувам во зборот „каење“
-

Холандски автобус со 48 лица се преврте во Швајцарија, има загинати и повредени
