Блумберг“: САД ја проверуваат лојалноста на сојузниците во НАТО

Aдминистрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп спроведува активности за проценка на лојалноста на сојузниците во НАТО пред да одлучи дали ќе ги намали воените ресурси што ги обезбедува за Алијансата.
Како што објави „Блумберг“, Белата куќа испратила до земјите-членки на НАТО документ со прашања чија цел е да се утврди колкава е нивната поддршка за политиката на Трамп
Во прашалникот се опфатени теми за кои постојат несогласувања меѓу Вашингтон и европските сојузници, како што се американските воени активности против Иран, односот кон венецуелскиот лидер Николас Мадуро и настојувањето на европските земји одбранбените набавки првенствено да ги насочуваат кон домашни компании.
Во документот се поставуваат и директни прашања, меѓу кои дали земјата јавно ја поддржала американската надворешна политика и какви ограничувања поставила за користењето на нејзините бази од страна на американските воени сили.
Вашингтон бара информации и за тоа дали сојузниците трошат средства за американски одбранбени компании и дали јавно се спротивставиле на правила што би можеле да го отежнат склучувањето договори со американски фирми.
„Дали земјата покажала усогласеност со американскиот пристап заснован врз принципот ‘силно, јасно и мирно?“, е едно од прашањата.
Според извори од НАТО, таквите чекори се доживуваат како обид за наметнување идеолошка линија во замена за американската воена заштита. Дел од сојузниците сметаат дека пристапот „безбедност преку лојалност“ ги поткопува темелите на трансатлантските односи воспоставени по Втората светска војна.
МИА
Ново на Сител
-

Поради сообраќајка целосно блокиран патот Крива Паланка – Куманово
-

Биткоинот над 80 илјади долари, највисоко ниво од мај
-

УХМР: Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и услови за невреме
-

Црна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со ЕУ
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Муцунски и Саар потпишаа два билатерални документи за унапредување на соработката меѓу Македонија и Израел
-

Федерер верува дека Ѓоковиќ има шанса да го освои УС опен 2026
-

Активни три пожари на отворен простор, 25 изгаснати во текот на изминатото деноноќие
