Ѓорѓиевски: Исплатена финансиска поддршка за сите онколошки пациенти кои ги исполнија условите

Сите онколошки пациенти кои побарале финансиска помош и ги исполниле условите за поддршка се исплатени, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Тој информира дека на јавниот повик аплицирале повеќе од 1.200 онколошки пациенти, при што повикот сè уште е отворен и заинтересираните граѓани можат да аплицираат.
-Заедно кога е најпотребно - сите онколошки пациенти кои побараа помош, се исплатени. Постојат моменти кога зборовите не се доволни. Моменти кога човечноста не се мери со тоа што ќе го кажеме, туку со тоа дали ќе подадеме рака кога некому му е најтешко. Токму затоа, со чувство на огромна одговорност и искрена грижа, обезбедивме финансиска поддршка за нашите сограѓани кои ја водат една од најтешките животни битки - напиша во објава на Фејсбук скопскиот градоначалник.
Тој посочува дека секоја апликација била обработена со максимална посветеност и внимание, а исплатата за сите кои ги исполниле условите е завршена денес или ќе биде завршена во текот на наредниот ден.
-Зад секоја бројка, почитувани, стои човек. Стои семејство. Стојат непроспиени ноќи, страв, надеж и огромна борба. И токму затоа ова е порака дека никој не е сам. Дека зад секоја тешка битка постои заедница која знае да сочувствува, да помогне и да биде тука кога е најпотребно - вели скопскиот градоначалник.
Ѓорѓиевски посочува дека болеста може да го направи патот тежок, но не смее да ја одземе надежта.
-Наша човечка и институционална обврска е да бидеме покрај нашите сограѓани не само со зборови, туку со конкретни дела, грижа и поддршка. Затоа што во најтешките мигови, најважно е човек да знае дека не е сам. Заедно сме посилни. Заедно ја чуваме надежта. Заедно, кога е најпотребно! - нагласува градоначалникот Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
