Поради ерупцијата на Етна затворен аеродромот во Катанија: Најдолг прекин на авиосообраќајот на Сицилија од 2002 година

Стотици патници останаа заглавени на Сицилија откако густиот чад и острата вулканска пепел од петдневната ерупција на Етна го блокираа авиосообраќајот и предизвикаа целосно затворање на најголемиот меѓународен аеродром на островот, во Катанија.
Ова е најдолгиот прекин во работата на аеродромот уште од 2002 година, а според последните најави, тој ќе остане затворен најмалку до утре во раните утрински часови. Блокадата се случува во самиот пик на летната туристичка сезона и непосредно пред празников Ферагосто, кога милиони италијански граѓани традиционално патуваат на одмор.
Истражувачот од Националниот институт за геофизика и вулканологија при опсерваторијата на Етна, Борис Бенке, објасни дека острата вулканска пепел претставува сериозна опасност за воздухопловството бидејќи може да ги оштети и задуши авионските мотори. Тој истакна дека оваа активност на Етна е поинаква од претходните.
– Во изминатите неколку децении имаше покуси и посилни ерупции, но оваа е необична поради својата долготрајност и непрекинатото исфрлање пепел – изјави Бенке, додавајќи дека северниот ветер однел помали количини пепел сè до Малта и Северна Африка
Поради затворањето на пистата во Катанија, која се наоѓа на само 30 километри јужно од вулканот, голем број летови се пренасочуваат кон другите аеродроми на Сицилија. Ова пренасочување предизвика драстично поскапување на такси-услугите и изнајмувањето автомобили, пишува дневниот лист „Кориере дела сера“. Здружението за заштита на потрошувачите „Кодаконс“ веќе најави дека ќе поднесе пријава до италијанското тело за заштита на конкуренцијата поради приговорите за неоправдано зголемување на цените.
МИА
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Црник
-

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин
-

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин да се реши војната
-

Ангелов: Попладнево активни повеќе од 15 пожари, два од нив загрозуваат и населени места
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
