Македонија
7. August 2026 - 10:35

Документарен филм „Секоја капка за Преспа“

Во четвртиот серијал од документарните филмови за состојбата во Преспа насловен како ,,Секоја капка за Преспа”, покрај информациите за водостојот на езерото се нуди и можност за технолошки решенија кои би им помогнале и на земјоделците и на природата. Преку специјални сензори за мерење на влажност, температура и движење на ветровите им се нуди помош на земјоделците во реално време да ја следат состојбата на овоштарникот и соодветно да делуваат, а со тоа да се спречи непотребно трошење на водата од езерото за наводнување и да се спречи непотребно прскање на овошките.