Санација на детските игралишта и урбаната опрема низ Кисела Вода

Во насока на обезбедување на квалитетен и функционален јавен простор кој ќе стои на располагање на сите генерации, Општина Кисела Вода континуирано работи на санација и реконструкција на урбаната опрема и на опремата во детските катчиња на целата своја територија. Од Општина Кисела Вода информираат дека општинските служби интервенираат на повеќе локации, следејќи ја реалната состојба и мапираните потреби.
-Имено, во населбата Расадник, во непосредна близина на градинката, извршена е санација на детското игралиште. На спортскиот терен кај подрачното училиште „Кузман Јосифовски - Питу“ поставени се нови кошаркарски обрачи со мрежички, нови канти за отпад, а во моментов активно се работи на санација на клупите - посочуваат од општинската прес-служба.
Активностите за обнова биле спроведени и во парк „Иднина“, каде целосно се санирани оштетените клупи и лулашки, а поставени се и нови канти за отпадоци. Интервенции на урбаната опрема, поправка на клупите и поставување на канти се реализирани и кај последната автобуска постојка на линијата 24, во парк „Македонија“, како и во парк „Дупки“ во населбата Драчево. Дополнително, на улица „Пушкинова“ поставени се целосно нови канти за отпадоци.
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска истакнува дека овие интервенции се од исклучителна важност за сите наши жители. Посочува дека примарна цел на општината е обезбедување безбедни, модерни и функционални катчиња каде најмладите безгрижно ќе играат, младите ќе спортуваат, а повозрасните ќе имаат пријатно место за одмор.
-Вложувањето во јавниот простор е директно вложување во квалитетот на животот. Сепак, за да можеме сите долгорочно да уживаме во овие уредени простори, неопходна е заедничка грижа. Упатувам силен апел до сите граѓани за совесно и одговорно однесување кон јавното добро. Урбаната опрема, парковите и спортските терени се градат со средства на сите нас и му припаѓаат на секој наш жител. Строго апелирам да не се уништуваат и кршат детските реквизити и клупите, и отпадот да се одложува исклучиво на соодветните места за таа намена. Само со меѓусебна почит и домаќински однос кон јавните површини ќе придонесеме нашата општина да остане чисто, убаво и безбедно место за живеење - посочува градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.
МИА
Ново на Сител
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
-

Лекорну за протестите: Франција нема да дозволи да биде заплашена преку насилство
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
-

871 прекршок за електрични тротинети во септември, најчесто возење без кацига
-

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласале 85 болни и немоќни лица
-

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
