СДСМ: Забраната за ДИК да обезбедува пристап до личните податоци е кршење на Изборниот законик
СДСМ денеска оцени дека се крши Изборниот законик и договорот од Пржино со барањето да му се забрани на ДИК да обезбедува електронски пристап до личните податоци.
Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски ја повика ДИК да не постапува по ова барање на Дирекцијата за заштита на личните податоци.
- Дирекцијата за заштита на личните податоци најдиректно го крши Изборниот законик и Договорот од Пржино. Членот 31, став 28-г, од Изборниот законик е дециден - Државната изборна комисија го објавува Избирачкиот список на својата веб страна со следните податоци: име, презиме и адреса на бирачите, рече Манчевски.
Тој додаде дека со ова решение на Дирекцијата за заштита на личните податоци, граѓаните повеќе нема да имаат увид во Избирачкиот список и нема да може да пријавуваат неправилности.
Одговарајќи на новинарски прашања, Манчевски рече дека решението на Дирекцијата за заштита на личните податоци е потврда дека има фантомски гласачи кои, како што рече, некој се обидува да ги скрие.
Во врска со најновиот случај „Тврдина“ што вчера го отвори Специјалното јавно обвинителство, Манчевски оцени дека тоа е најдобар доказ оти немало странски служби и сечени и монтирани снимки.
- Ја повторуваме нашата целосна и принципиелна поддршка на работата на Специјалното Јавно Обвинителство, но настаните од вчера се најдобар доказ дека немало странски служби, немало жолти комбиња, немало сечени, лепени и монтирани снимки, рече потпретседателот на СДСМ.
Ново на Сител
-
Тошковски ќе присуствува на јавно уништување на запленети наркотични дроги и оружје
-
Истражна постапка против две лица осомничени за тепачка со смртни последици
-
Вучиќ пристигна во Осака на неколкудневна посета на Јапонија
-
Трамп го предупреди Израел да биде внимателен по нападот во Катар
-
Сончево со мала облачност и ветер
-
Поведена постапка против едно лице за сообраќајна несреќа во Марино
-
Побаран краткотраен притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево
-
Дејан Митровски - Урко избран за член на Одборот на директори на ВАКО Европа