Невремето предизвика поплави - најпогодени се населбите: Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба

Повеќе пријави за поплавени подруми, дворови, магацински простории, подвозници и кружни текови, како и за заглавени возила, се евидентирани попладнево по невремето што го зафати подрачјето на Скопје.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 биле примени повеќе пријави од граѓани за последиците од обилните врнежи.
Според досега пристигнатите пријави, најпогодени се општините Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба.
Од ЦУК посочуваат дека за сите пријавени случаи веднаш се известени Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и единиците на локалната самоуправа, кои постапуваат согласно своите надлежности.
Во моментов заседава Кризниот штаб на Град Скопје, кој ги координира активностите на надлежните служби.
Поради невремето кое во попладневните часови го зафати подрачјето на Град Скопје, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се примени повеќе пријави за поплави
Два подвозника со заглавени коли (пред кружниот тек во Бутел, бул.Србија во Кисела Вода).
Три кружни токови (кај Ист гејт, опш.Гази Баба; кај Мото Центар и Цементара, опш.Кисела Вода; кај Железара, опш.Гази Баба).
Улица Јордан Мијалков позади Дајмонд мол е поплавена.
Поплавени куќи, подрумски простории и гаражи во населбите Кисела Вода, Автокоманда, Чаир,
Пријава за поплавен магацин на Веро во Чаир и магацин на приватна фирма во Кисела Вода.
Паркинзи и улици низ паркинзите во населбите Кисела Вода - Расадник и нас.Аеродром.
Поради невремето и поплавените улици, кружни текови и подвозници отежнато е или воопшто нема движење на возилата.
МИА
Ново на Сител
-

Герасимовски: Центар со финансиска помош за штетите од невремето, објавен јавен повик
-

Годинава ќе заврши подготовката за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево
-

Мицкоски: Со ребаланост во буџетот ќе ги исплатиме наследените долгови во земјоделството
-

Уште 300 специјализанти ќе се вработат во болниците надвор од Скопје
-

Иран инсистира да има целосна контрола над Ормуска Теснина
-

Мицкоски: Очекувам намалување на цената на горивата и стабилизирање на инфлацијата
-

Предложен притвор за српски државјанин фатен на Богородица со 5.000 штеки цигари без акцизни маркички
-

Клековски: Три нови случаи на западнонилска треска
