Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци

Словенија, Албанија и Чешка не ја исполниле целта за издвојување два процента од бруто-домашниот производ за одбрана во 2025 година, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на прес-конференција во Брисел.
Руте нагласи дека речиси сите земји членки на Алијансата ја исполниле целта од два процента од БДП за одбраната.
– Албанија, Чешка и Словенија не ја постигнаа оваа цел минатата година, иако се обврзаа не само да стигнат до неа, туку и да ја надминат – изјави Руте.
Тој додаде дека станува збор за вкупно околу една милијарда долари средства за одбрана кои сè уште не се обезбедени од овие три земји.
Според него, оваа сума е релативно мала во споредба со вкупните средства што ги издвојуваат сите сојузници.
– Добиваме извештаи од сите сојузници дека навистина ги зголемуваат своите трошоци. Многу од нив веќе достигнаа пет или 3,5 проценти. Сликата навистина е добра, а тоа е неопходно бидејќи мора да бидеме способни да се браниме – рече Руте.
Тој посочи дека во 2025 година за одбраната биле издвоени 90 милијарди долари повеќе отколку претходната година.
Пред денешната прес-конференција, Руте испратил писмо до поранешниот словенечки премиер Роберт Голоб, во кое ја критикувал Словенија поради тоа што издвојувањата за одбрана биле значително под договореното ниво од два процента од БДП.
Тој предупредил и дека зголемувањето на трошоците, според проценките на неговиот тим, било постигнато преку вклучување проекти што не спаѓаат во договорената дефиниција за основни одбранбени расходи.
Доколку тие проекти се исклучат, Словенија минатата година издвојувала околу 1,6 проценти од БДП за основни одбранбени трошоци, што е за околу 300 милиони евра помалку од потребното ниво.
На средбата со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар претходно оваа седмица, актуелниот премиер Јанез Јанша изјавил дека „Словенија е далеку под црвената линија“ и дека првпат ќе му биде непријатно да присуствува на самитот на НАТО, кој се очекува да се одржи во јули.
Во 2014 година земјите членки на НАТО се договорија постепено да ги зголемат трошоците за одбрана на два процента од БДП, а минатата година на самитот во Хаг се обврзаа тие издвојувања до 2035 година да достигнат пет проценти од БДП.
Од тие средства, 3,5 проценти треба да бидат наменети за директни инвестиции во одбраната, а 1,5 проценти за поврзани безбедносни и инфраструктурни инвестиции.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: САД и Иран водат „многу добри разговори“, можен договор за Ормуската Теснина
-

Андоновски: Компаниите електронски можат да поднесат барање за издавање уверение од кривична евиденција од основните судови
-

Маж од Скопје загина откако врз него паднало дрво при нелегална сеча во струшко
-

Уапсен 15-годишник кој возел камиот без возачка дозвола
-

Осум повредени во верижна сообраќајка помеѓу четири возила кај Битола
-

АХВ: Бугарија ги засили официјалните контроли при увоз на свежо овошје и зеленчук
-

Белорусинка пронајдена мртва во хотел во Охрид
-

Две девојки скокнале од такси во движење во тетовско, возачот не ги однел на бараната локација
