Николоски: За 5 години брза железница Скопје–Солун за 1 час и 25 минути и Скопје-Белград за 2 часа и 30 минути

Почнуваме со изградба на брзата пруга на македонскиот дел од Коридорот 10 - проект што ќе ја промени реалноста во регионот и за превоз на патници и стока - рече заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“, што се одржува денеска во Солун.
Николоски, во дискусијата на панелот „Остварување на проширувањето на ТЕН-Т: Приоритети на инфраструктурата и инвестициски предизвици во Западен Балкан“, потенцира дека Коридорот 10 е најважниот економски коридор во Европа. Самитот, оцени, е порака дека Коридорот 10 ќе го градат сите земји на кои им припаѓа и ќе стане економски најзначаен во Европа.
- Ја поврзува Европа целосно од пристаништето Пиреј во Атина, па сè до Хелсинки во Финска, а ако го користиме паметно, можеме целосно да ја промениме економијата во Југоисточна и Централна Европа. Ако бродовите се закотват овде во Солун или во пристаништето Пиреј во Атина, тоа е за 21 до 22 дена пократко отколку закотвувањето во Хамбург, Антверпен или каде било во северните пристаништа. Единствената причина зошто ова не се случува толку многу и толку често е затоа што е потребна поддршка, особено за железничката инфраструктура. И тука почетокот е добар. Веќе има брза железница меѓу Атина и Солун. Белград - Будимпешта е веќе завршена. Нашите колеги од Србија работат на делницата Белград - Ниш. Она што недостига е делот меѓу Ниш, Скопје и Солун. Од наша страна почнавме многу амбициозна програма - изградба на брза железница на целиот Коридор 10, од границата со Србија до границата со Грција - рече Николоски.
Тоа, потенцира, ќе биде брза железница, за патничкиот сообраќај воозвите ќе се движат со брзина од 160 до 200 километри на час, а за карго или товарен сообраќај со 120 километри на час. Амбицијата е да се заврши за 5 години. Проектот ќе чини најмалку 2 милијарди евра. Финансирањето е обезбедено преку договорот за стратешко партнерство, што го потпишавме со Обединетото Кралство. Условите се многу поволни, што значи дека почнуваме оваа есен и мислам дека за не повеќе од 5 години ќе има брза железница, која ќе можеме да ја користиме за карго, но и за патници - рече Николоски
Овој проект, нагласи, ќе ја промени целосно реалноста во регионот. Скопје - Солун ќе се патува за 1 час и 25 минути. Буквално, луѓето би можеле да дојдат овде на ручек и да се вратат дома. Скопје - Белград ќе биде 2 и пол часа, така што тоа е целосно, целосно поинаква реалност. И товарен воз од Атина ќе биде во Виена за помалку од 24 часа, а од Солун до Будимпешта за 12 до 14 часа, што е целосна промена на реалноста - рече Николоски.
На отворањето на самитот се обратија европскиот комесар за транспорт и мобилност, Апостолос Цицикостас, Матеј Закоњшек, директор на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница, Марк Боуман, потпретседател за политика и партнерство во Европска банка за обнова и развој, Роберт де Грот, потпретседател на Европската инвестициска банка, претставници на приватниот сектор...
Учесниците на самитот дебатираат како да се подобри координацијата на донаторите, да се зајакне подготовката на проекти, да се зголеми учеството на приватниот сектор и да се претворат приоритетите за поврзување во конкретни инвестиции.
МИА
Ново на Сител
-

Од бостан, пиперки и лозје заработивме 350.000 евра, продававме и во Горни Милановац – сведочеше мајката на судијата Ѓоко Ристов
-

Мајка на три сина сакала девојче, останала бремена со тројка – сите три бебиња се од машки пол
-

Муцунски во Софија за Коридорот 8 и нова шанса за деблокада на европскиот пат
-

43 години копале со раце: Извадиле речиси три тони дијаманти, а зад себе оставиле кратер длабок над 200 метри
-

МВР го пронајде и казни возачот кој блокираше сообраќај во центарот на Скопје
-

Денеска средба Муцунски - Петрова во Софија
-

Трамп: Заслужувам Нобелова награда за мир, но се сомневам дека ќе ја добијам
-

Македонија над европскиот просек: Кај нас има повеќе работоспособни луѓе отколку во ЕУ
