„Окта“ повторно воведува попуст - два денари за бензините до средината на јуни

Компанијата „Окта“ АД - Скопје воведува привремен попуст од 2 денари за литар за бензините од 95 и 98 октани како дел од напорите за поддршка на домашниот пазар на горива. Мерката ќе се применува во периодот од 2 до 16 јуни годинава.
Од компанијата соопштуваат дека одлуката е донесена како резултат на актуелните движења на меѓународните цени на горивата, но и како дел од континуираната комуникација со Владата насочена кон ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните и економијата.
Попустот ќе се однесува на сите трговци што набавуваат бензин од „Окта“ како во големопродажба така и во малопродажба.
Од компанијата посочуваат дека со оваа мерка им се остава можност на трговците да ја рефлектираат поддршката во крајните цени за потрошувачите, но нагласуваат дека тие и понатаму самостојно ги креираат малопродажните цени во согласност со своите комерцијални политики и пазарните услови.
Според процените, вкупниот придонес на „Окта“ за поддршка на пазарот преку вакви мерки ќе надмине 7 милиони евра.
Ново на Сител
-

За викендот дожд, ветер и заладување
-

Цената на нафтата „Брент“ надмина 100 долари
-

Во пратка со рози откриени 100 килограми кокаин на атинскиот аеродром
-

Сончево, попладне услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати - сите се мажи
-

Зверев избори полуфинале на УС опен
-

Трамп вети по 5.000 долари за секој полнолетен Американец доколку Републиканците победат на меѓуизборите
-

Научници: Август беше најжешкиот месец во светот досега
