Владата викендот ќе одлучува дали ќе продолжат мерките за горивата
Владата викендов ќе одлучува дали повластеното ДДВ од 10-отсто за бензините и намалените акцизи од 2 денари за горивата ќе продолжат да важат и од понеделник. Мерките со кои се спречи енормен скок на цените на горивата, а со тоа и на храната, истекуваат на крајот на месецот. Ако сигналите се дека цените на нафтата на светските берзи ќе продолжат да растат, не се исклучува можноста повторно, на вонредна седници, да се активираат мерките, велат од Владата. Во меѓувеме, од министерството за енергетика потврдуваат дека се уште се водат преговори со ОКТА, за евентуален нов попуст за горивата.
Ги уверуваме граѓаните дека Владата прави напори со цел соодветно да се одговори на актуелните предизвици во енергетскиот сектор. Дел од конкретните активности се и преговорите со рафинеријата ОКТА коишто во моментов се одвиваат во рамките на нашата поширока соработка велат од министерството.
На светските берзи, последниот ден од неделното тргување, цената на нафтата се спушти на околу 92 долари за барел, по најавите за продолжување на прекинот на огнот за 60 дена и започнување разговори за нуклерната програма на Иран. Танкери со нафта веќе поминуваат низ Ормиутскиот теснец и според поранешниот командат на Иранската револуционерна гарда, теснецот ќе остане отворен за трговија, не не и за воени експедиции и екслоатација на меѓународните сили.
„Иднината на Ормутскиот теснец е посветена само на трговија и развој. Сепак, нашата загриженост е безбедноста на Персискиот Залив и Ормутскиот теснец, бидејќи неговата отвореност постојано е експлоатирана од САД и Израел. Затоа, прашањето за Ормутскиот теснец не е за прекумерни барања од страна на Иран; туку за безбедноста и мирот во Персискиот Залив. Поради оваа причина, ние сме сериозни во спроведувањето на нашето управување со него. Ормутскиот теснец е затворен за воени експедиции, несигурност и експлоатација од страна на меѓународните сили, но останува отворен за трговија, особено за нашите пријатели, за кои сме сигурни дека не бараат ништо друго освен економска соработка и трговија.“, Мохсен Резаи, поранешен командант на Иранската исламска револуционерна гарда (IRGC); член на Советот за проценка на целесообразноста
Инаку во последните 24 часа, 26 бродови, меќу кои и танкери со нафта, поминале низ Ормутскиот теснец ,откао добиле дозвола и се координирле со својата морнарица. , соопшти револуционернта иранска гарда.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
