Loading Video...
Македонија
29. May 2026 - 12:29

Денеска се одбележува Задушница, споменот на починатите

Црквата денес ја одбележува Задушница, ден посветен на сеќавањето и молитвата за покојните. Верниците денес и утре ги посетуваат вечните почивалишта на своите најблиски, и заедно со свештениците молат посебни молитви посветени на овој ден.

Во текот на годината, православната црква предвидела Задушница да се одбележува во три наврати, како потсетник на духовната врска меѓу живите и упокоените.

Отец Кирил Фидански од Македонската православна црква истакнува дека суштината на Задушница е во љубовта која не завршува со смртта, туку продолжува преку молитвата и споменот.