Пронајдена жената по која трагаше охридската полиција
Полицијата ја пронајде исчезнатата жена по која трагаше изминатите 12 часа, откако беше пријавено нејзино исчезнување. Патрола на Езерската полиција при СВР Охрид околу 10 часот ја пронашла жената, чие исчезнување беше пријавено рано утрината околу 1 часот.
- Лицето е пронајдено во езерскиот квадрант 53 на околу еден километар во водите на Охридското Езро над комплексот „Инекс“. Патролата на езерската полиција го забележа женското лице во водите на езерото, пристапи и веднаш е започнато со процес на нејзино пренесување во патролниот чамец. Во меѓувреме е известена и дошла на лице место екипата на Брза помош до просториите на Езерска полиција и веднаш ова лице е предадено во надлежност на медицинските лица. Во текот на денешниот ден СВР Охрид ќе обави разговор со ова лице за околностите коишто претходеле на овој немил настан, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Според полициските службеници, жената била во прилично добра здравствена состојба, во контактибилна состојба и во непосреден разговор се добиени одредени првични информации, но останува во текот на денот да бидат дополнети разговорите со ова лице и да се добијат повеќе информации за се она што се случувало изминатите неколку часа.
- Ова е прва интервенција на Езерската полиција од ваков вид која инаку е задолжена за спроведување активностио насочени кон заштита на езерската граница и физичка заштита на рибниот фонд во езерото, согласно Законот за аквакултура, истакна Димоски.
Ново на Сител
-
Филипче официјално избран за претседател на СДСМ на внатрепартиски избори
-
Вучиќ: Мандатар за состав на нова влада е Ѓуро Мацут
-
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на Струга – Ќафасан
-
Задолжителна употреба на зимска опрема на патот Тетово – Попова Шапка
-
Таравари: Раководство на партијата ќе се обиде да најде заеднички јазик со коалицијата „Вреди“ за локалните избори
-
„Сите имаме повредени или загинати роднини и пријатели, револтирани сме од овој гнил систем“, истакнаа организаторите на протестниот марш во Кочани
-
Царините на Трамп предизвикаа „хаос“, повеќе од 50 земји бараат преговори со Белата куќа
-
Лидерот на најголемата опозициска партија во Турција побара предвремени избори