Балкан
29. March 2016 - 16:07

Комисија на ОН: Фокландските Острови се во аргентински води

Владата на Aргентина го поздрави денеска решението на Комисија на ОН која ја прошири морската територија во јужниот Атлантски Океан за 35 отсто вклучувајќи ги Фокландските Острови.

МНР на Аргентина соопшти дека водената плоштина е зголемена за 0,66 милиони квадратни милји (1,7 милиони квадратни километри) и оти одлуката е клучна во спорот со Велика Британија за островите.

Во 1982 година Аргентина губи во кратка и крвава војна со Велика Британија откако аргентински војски го заземаат архипелагот наречен од јужноамериканците – Малвински Острови.

Комисијата на ОН застана на страна на Аргентина претходно во овој месец ратификувајќи аргентински извештај од 2009 година со која се коригирани границите на нејзината територија од 200 на 350 милји од брегот.

– Тоа е историски момент за Аргентина, изјави министерката за надворешни работи Сусана Малкора.

– Тоа ги потврдува нашите суверени права врз ресурсите во нашето  крајбрежје.

На внатрешен план, Фокландите имаат самоуправа, но Велика Британија е одговорна за одбраната и надворешните работи. Владата на Фокландите побара вчера од британската Влада да се изјасни до какви последици може да предизвика одлуката на ОН.