Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар

Здравјето на мозокот во голема мера зависи од начинот на живот, а не само од генетиката и возраста, се наведува во новиот извештај на Американското здружение за срце (AHA). Експертите нагласуваат дека ризикот од деменција и мозочен удар може значително да се намали преку воспоставување правилни животни навики и навремена здравствена грижа.
Според извештајот, здравјето на мозокот е нераскинливо поврзано со состојбата на срцето и крвните садови. Високиот крвен притисок, дијабетесот, покачениот холестерол, пушењето и дебелината се идентификувани како примарни фактори кои го зголемуваат ризикот од когнитивни оштетувања.
Дополнително, врз когнитивното здравје негативно влијаат и фактори како што се хроничниот стрес, анксиозноста, депресијата, лошиот сон, нарушувањата на цревната флора, како и загадувањето на животната средина и неповолните социоекономски услови.
„Медитеранската исхрана, редовната физичка активност, квалитетниот сон и контролата на стресот имаат клучна улога во заштитата на мозокот. Промените во животниот стил помагаат независно од возраста на лицето“, советуваат медицинските експерти.
Во извештајот посебно се потенцира важноста на менталното здравје, одржувањето на социјалните контакти и поседувањето чувство за животна цел како заштитни фактори кои помагаат во зачувување на мозочните функции во текот на целиот живот.
МИА
Ново на Сител
-

Протести во Прага поради планираното укинување на претплатата за чешките јавни медиуми
-

Од специјализирана продавница за „Покемон“ украдени карти во вредност од над 130.000 евра
-

Трамп бара од Конгресот дополнителни средства за модернизација на американскиот систем за контрола на воздушниот сообраќај
-

Следува променливо облачно и потопло време, од среда повремено силен јужен ветер
-

Изминатото деноноќие 15 пријави за семејно насилство во државава
-

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци
-

Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец
-

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година
