Македонија
29. April 2026 - 17:08

СДСМ ги реализираше заканите - не дојде на состанок на работната група за Изборен законик

Столчињата на СДСМ во Министерството за правда утрово останаа празни. Опозицијата ги реализираше заканите дека нема да учествува во работната група за измени на Изборниот законик, иако во периодот кога се одржуваше состанокот, техничката влада во Собранието се уште не беше укината.

Поради отсуството на СДСМ, 4-тиот состанок на работната група не се одржа, а министерот за правда оцени дека опозицијата се однесува незрело, дирекно ја кочи реформската агенда, а со тоа го нарушува и кредибилитетот на државата.

Сличен беше ставот и на останатите партии, кои однесувањето на СДСМ го оценија како неодговорно, особено што опозицијата беше меѓу главните иницијатори за измени на Изборниот законик.   

Од СДСМ пак велат дека не отстапуваат од ставот. Укинувањето на техничката влада ќе значи и нивно повлекување од работната група за Изборниот законик. 

По ваквиот став на СДСМ неизвесно останува функционирањето на работната група. Според деловникот за работа, состаноците се одржуваа со мнозинство присутни, но одлуките се носат со консензус, што во пракса ќе значи дека без опозициската партија, Изборниот законик не може да се менува.