Арагчи пристигна во Исламабад за да разговара за предлозите за обновување на мирот со САД

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, пристигна во пакистанскиот главен град Исламабад за да разговара за предлозите за рестартирање на мировните преговори со САД, во услови на спротивставени сигнали за тоа дали ќе се сретне со американските преговарачи.
Министерството за надворешни работи на Пакистан го потврди пристигнувањето на иранската делегација и соопшти дека Арагчи ќе се сретне со високи пакистански претставници за да разговара за мировните напори.
Пакистански извори претходно изјавија дека американски тим за логистика и безбедност веќе е во Исламабад за можни разговори. Во градот е забележливо и зголемено присуство на пакистанкста полиција и на војската.
Портпарол на Министерството за надворешни работи на Иран објави на плтаформата Х дека иранските претставници не планираат да се сретнат со американски претставници.
Загриженоста на Иран ќе биде пренесена до Пакистан, рече портпаролот. Претходно, пакистански извори, исто така, изјавија дека не се очекува состанок на Арагчи со американските преговарачи во Исламабад.
Кратко по неговото пристигнување, Арагчи отиде на средба со пакистанскиот министер за надворешни работи, Ишак Дар, во хотелот „Серена“, каде што се одржуваше првата рунда разговори со САД.
Арагчи пред заминувањето за Исламабад изјави дека ќе ги посети Пакистан, Оман и Русија за да ги координира ставовите со нив за прашања од билатералната и регионалната агенда.
Сепак, портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека специјалните пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер денеска ќе отпатуваат во Пакистан на разговори со иранскиот претставник. Левит истакна дека САД забележале одреден напредок од иранска страна во последните денови и се надеваат дека тој ќе продолжи за време на разговорите за време на викендот.
Таа додаде дека потпретседателот Џ.Д. Венс, кој претходно овој месец ја водеше првата рунда неуспешни разговори со Иран за прекин на војната, е подготвен да отпатува во Пакистан за да се придружи на разговорите доколку тие се покажат како успешни.
МИА
Ново на Сител
-

Спасовски: Законот за двојни државјанства да важи веднаш и за пратениците и за Владата
-

Обвинителството со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка
-

Приведен скопјанец кој пред угостителски објект со нож повредил друго лице
-

Путин се сретна со Арагчи и изрази надеж за мир во Иран
-

Судењето за пожарот „Пулс“ влегува во фаза на изведување материјални докази, први тие од обдукциските наоди
-

Мицкоски: Случајот „27 април“ е политички монтиран од претходната влада
-

Муцунски: Државата не може да биде подготвена да прави уставни измени без јасни гаранции и предвидливост на нејзиниот европски пат
-

Јаневска за врсничкото насилство: Институциите може да прават се како што треба, но без помош од родителите нема успех
