Јаневска за незаконските уписи на Филозофски: Сериозно ќе го разгледам извештајот и ќе постапам како што одлучил Инспекторатот

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска го очекува извештајот за нерегуларностите утврдени на Филозофскиот факултет на УКИМ, на кој на студенти со тригодишни стручни студии во измиантите седум години, спротивно на законот, им било овозможено да запишуваат магистерски и докторски студии.
По извршениот вонреден надзор иснепкторите донеле решение, по кое Филозофскиот факултет постапи, да им се прекинат студиите односно да им се поништи уписот на седуммина запишани на втор циклус (магистерски студии) и на четворица на трет циклус (докторски студии).
Јаневска завчера соопшти дека Филозофскиот факултет на УКИМ веќе постапува по заклучоците на Инспекторатот и дека го чека извештајот по што ќе донесе конечно решение во врска со случајот.
-Има рокови кои мора да се испочитуваат. Сериозно ќе го разгледам и ќе го прочитам и потоа ќе постапам така како што одлучил Државниот просветен инспекторат. Овој случај покажува дека Министерството не прави разлика меѓу универзитетите во оваа земја. Затворивме 14 приватни институти, забранивме упис на еден приватен универзитет, што беше и поздравено затоа што постапуваме по закон и бараме квалитет. Еве, и еден државен универџитет покажува неправилност во работата и, се разбира, дека ќе постапуваме секаде, изјави Јаневска пред почетокот на конференцијата за проект со кој се унапредува едукацијата на медицинските сестри.
Додаде дека за овие процеси е потребно време и дека за разлика од претходно сега постојано се прават евалуации на високообразовните установи.
-Во изминатиот долгогодишен период Агенцијата за квалитет во високото образование, од нејзиното основање до доаѓањето на новата директорка, немаше направено ни една евалуација. Во овој период Агенцијата има направено огромен број евалуации, а ние во МОН ги добиваме извештаите. Така и ќе продолжиме, без разлика кои универзитети се, дали се државни или приватни, додаде министерката Јаневска.
МИА
Ново на Сител
-

Осум повредени на протестите во Тирана, запалена општината и вратата на Министерството за животна средина
-

На протестите во Франција уапсени 135 луѓе, не се регистрирани сериозни инциденти
-

Мицкоски од Брвеница: Довербата се гради со одговорна работа и конкретни проекти
-

Ноќеска часовниците ги враќаме еден час назад - почнува зимското сметање на времето
-

Кривична пријава против две лица поради нелегален транспорт на дрва
-

Во гостиварско приведени четири лица откако биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато
-

Приведени повеќе лица за нарушување јавен рeд и мир со меѓусебна физичка пресметка, употребиле стаклен предмет
-

19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
