Трамп не е загрижен за поразот на Орбан: „Петер Маѓар е добар човек“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е загрижен поради изборниот пораз на неговиот долгогодишен сојузник Виктор Орбан во Унгарија и изрази позитивно мислење за новоизбраниот премиер Петер Маѓар.
Во изјава за „Еј-би-си њуз“, Трамп истакна дека верува оти Маѓар успешно ќе ја извршува функцијата.
– Мислам дека новиот човек ќе заврши добра работа – тој е добар човек – рече Трамп. Тој додаде дека не е сигурен дали неговото лично присуство во кампањата би ја променило ситуацијата, имајќи предвид дека наместо него, во Унгарија беше испратен потпретседателот Џеј Ди Венс.
Според Трамп, Орбан во еден момент веќе „значително заостанувал“ зад својот противник. Иако претседателот на САД минатата недела имаше кус говор на предизборен собир во Унгарија преку телефонска врска, тој напомена дека не бил целосно вклучен во овој изборен циклус, иако сè уште го смета Орбан за „добар човек“.
Виктор Орбан ја изгуби власта по 16 години управување, откако унгарските гласачи во рекорден број ја поддржаа проевропската опција на Петер Маѓар, лидерот на десниот центар.
МИА
Ново на Сител
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
