Ројевиќ: Триумфот над Еурофарм Пелистер ни ја крева самодовербата пред пресметките со Целје

Во дерби натпреварот од 26 коло во македонската ракометна Суперлига, ГРК Охрид вечерва во драматична завршница го совлада Еурофарм Пелистер на гостински терен во Битола со 27-26.
Тренерот на охридскиот прволигаш Борис Ројевиќ по дуелот упати честитки за атмосферата во салата „Боро Чурлевски“ и наведе дека победата дополнително ќе влијае на самодовербата на неговите ракометари пред претстојните дуели против словенечки Цеље во полуфиналето на ЕХФ Европскиот куп.
„Во првиот дел бевме во грч, но на полувремето се договоривме да трчавме повеќе и да дававме повеќе лесни голови. Одигравме одлично. Честитки за Еурофарм Пелистер за фер и коректната игра, игравме во убава атмосфера пред 4.000 гледачи. Овие два бода многу ни значат со цел што побрзо да обезбедиме место во Европската лига и да се свртиме кон Европскиот куп каде не чекаат обврски. Сигурно дека ваквите победи дополнително ни ја креваат самодовербата пред двомечот со Целје“, изјави Ројевиќ за клупскиот сајт.
ГРК Охрид сега се израмни со Еурофарм Пелистер на второто место на табелата со 42 бодови, осум помалку од лидерот Вардар 1961 на шест кола до крајот на сезоната.
МИА
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
