Подобрена состојбата со јавниот превоз, 180 автобуси сообраќаат на линиите, вели Ѓорѓиевски

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска, одговарајќи на советничко прашање, нагласи дека е подобрена состојбата со јавниот превоз. Потенцира дека во моментот 180 автобуси сообраќаат на линиите.
- Што се однесува на голготата што ние ја поседуваме, а е во сопственост на ЈСП Скопје, од состојба на речиси 130 наши автобуси, кои беа во функција, сега во моментот од гаражите излегуваат по 90 автобуси. Значи, имаме зголемено за 50 функционални автобуси во изминатиот период или бројката е 180 автобуси што сообраќаат на линиите, а се сопственост ЈСП Скопје.
Потенцира дека дополнително зголемен е бројот на автобусите на приватните превозници, кои во минатото од разни причини одбиваа да се обраќаат на некои од линиите. Нагласи дека најголем дел од нивните забелешки бил неисплаќањето на енормните суми, кои со години се таложеле од страна на ЈСП, а требало да бидат исплатени како обврска кон нив.
Градоначалникот нагласи дека го даваат максимумот и смета дека е подобрена состојбата во однос на јавниот транспорт.
- Дали е идеална или таква каква што сакаме да биде? Далеку е од тоа. Не е. Но, тоа ќе го решиме, како што споменав, при завршување на целиот процес за набавката на автобусите, од една страна, и дополнително БРТ, знаете дека е еден од проектите на кои работиме со силен интензитет - рече градоначалникот Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Хакиран мејлот на министерот за здравство на Грција – во негово име „нарачале“ 200 луксузни автомобили и 25 оружја
-

ЕУ воведува ограничување за токсинот цереулид во храната за бебиња
-

Со богослужби и свечена академија ќе бидат одбележани 130 години од храмот „Свети Димитриј“
-

Јаневска: Врсничкото насилство бара заедничка одговорност, родителите мора повеќе да се вклучат
-

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента
-

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово
-

36-годишник уценувал девојка со интимни фотографии, барал пари и сексуални услуги
-

16-годишна прилепчанка пријавила дека била претепана од партнерот и неговиот татко
