Loading Video...
Свет
1. April 2026 - 12:25

Преглед на вестите од светот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД би можеле да ги прекинат своите воени напади врз Иран во рок од две до три недели и дека Техеран не мора да склучи договор како предуслов за смирување на конфликтот.Тој ги повика земјите што не помогнаа во нападите на САД и Израел врз Иран да купат американска нафта и да одат во Ормутскиот теснец и „едноставно сами да си ја земат“, а особено ги издвои Велика Британија и Франција како некорисни во едномесечната војна, која ги потресе глобалните пазари, ги зголеми цените на енергијата и доведе до тоа Иран ефикасно да го запре сообраќајот на танкерите за нафта низ Теснецот

„Сè што треба да направам е да го напуштам Иран и тоа ќе го направиме многу наскоро и тие ќе паднат. А цените на акциите денес беа речиси рекордни затоа што тие знаат две работи. Соборивме еден режим, а потоа го соборивме и вториот режим. Сега имаме група луѓе кои се многу, многу различни. Тие се многу поразумни, мислам, многу повеќе, многу помалку радикализирани. Имавме промена на режимот. Имаме работа со луѓе кои се многу порационални.“ „Мислам дека за две до три недели. Ќе си заминеме.“

Инаку, американскиот претседател вечерва во 21 часот по американско време ќе има обраќање до нацијата објави портпаролката на Каролин Левит на мрежата Х. 

Иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) најави дека ќе започне со напади врз претставништвата на американските компании во регионот како одговор на воените дејствија против Иран. Заканата е насочена кон 18 големи корпорации вклучени во списокот на ИРГК, меѓу кои се „Мајкрософт“, „Гугл“, „Епл“, „IBM“, „Тесла“ и „Боинг“. Во соопштението се наведува дека овие компании треба да очекуваат уништување на нивните претставништва како одговор на секој „терористички акт“ насочен против Иран. Според најавата на Гардата, нападите е планирано да започнат на 1 април, во вечерните часови по локално време. Овој потег дополнително ги зголемува тензиите во регионалниот конфликт кој веќе влегува во својот втор месец

Кина и Пакистан упатија заеднички повик за итен прекин на војната на Блискиот Исток, презентирајќи план од пет точки кој вклучува примирје и зајакната стратегиска координација во однос на ситуацијата во Иран. Планот предвидува итен прекин на непријателствата, заштита на цивилната и енергетската инфраструктура, како и итно обновување на безбедното движење на бродовите низ Ормутскиот теснец. Двете влади порачаа дека дијалогот е единствениот остварлив пат за решавање на конфликтите.