Македонија
1. April 2026 - 7:58

ИВЗ домаќин на десетиот Самит на верските лидери од Балканот

Скопје денеска беше центарот на меѓурелигискиот дијалог на Балканот.

На јубилејниот 10ти Самит на верски лидери, во организација на ИВЗ и турскиот Дијанет, беше испратена силна порака за мир и достоинство во време на глобални кризи. Поглаварот на ИВЗ потенцираше дека верските институции остануваат клучниот столб во градењето мостови на соработка и превенција на поделбите во општеството.

Потребна е поблиска соработка меѓу верските институции во евроазискиот простор порача претседателот на турскиот ДИЈАНЕТ кој го потенцираше верското образование како клучна алка во синџирот.

Државните претставници порачаа дека во време на глобални предизвици кога светот се соочува со поделби и неизвесности, верските лидери имаат клучна улога во градење на услови за дијалот и промоција на мирот.

Оливера Трајковска, директорка на Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи

На овој високорелигиозен настан присуствуваа претставници на МПЦ ОА и Евангелската црква во Македонија потврдувајќи го широкиот фронт за меѓусебна толеранција во земјава.