Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека никогаш нема да коментира ничија изјава нагласувајќи дека првото нешто што го направил откога е на функцијата е средба со јавните обвинители во Државното јавно обвинителство и најави дека планира средби и со сите јавни обвинители, односно во подрачја на вишите јавни обвинителства, кои се четири, па потоа и со основните.
Прашан за коментар на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека очекува одговори за работата на Катица Јанева и СЈО, Савески во изјава за медиумите пред денешната седница на Советот на ЈО рече дека нема да коментира ничија изјава.
Прашан што ќе направи во однос на шпекулациите дека има предмети што се чуваат во фиока, Савески нагласи дека е само неколку дена на функцијата и дека за секоја одлука јавноста ќе биде навремено известена.
- Дајте малку време, сепак се неколку денови. Вклучително, приоритет е и учеството на седниците, да се пополнат местата што се испразнети и да се создадат услови да функционира онаму каде што има испразнети места - изјави Савески.
Савески нагласи дека работата на Јавното обвинителство, вклучително на секој јавен обвинител, а и државниот јавен обвинител, надлежностите и обврските што ги исполнуваат јавните обвинители произлегуваат од законските регулативи.
Прашан дали СЈО и Катица нема да бидат приоритет, Савески рече дека нема да коментира „ако ви е во врска со изјавата на кој било обвинител“.
Прашан за гувернерот Трајко Славески, Савески рече дека се следат состојбите во врска со тоа што како информации излегоа во јавноста и дека доколку се најде основа за отворање на предистражна постапка, секако тоа ќе биде постапено.
-Нема отстапки тоа се законски обврски на Јавното обвинителство. Само да не бидам погрешно сфатен само доколку, значи тоа секако се оценува за секоја ситуација, вклучително и оваа за која ме прашувате. Не може, а да не биде предмет на анализа. Доколку се најде основ, се постапува согласно законот - изјави Савески, нагласувајќи дека јавноста ќе биде известена со комплетно соопштение од страна на службите за односи со јавноста.
За барањето за изземање на обвинителката Ленче Ристовска и случајот со пожарот во Кочани, Савески рече дека не е донесена одлука.
-Имајте во предвид, само неколку дена сум во функција. Обврските се од секаква природа, така да сè што ќе дојде по редослед за одлучување и кога ќе биде донесена одлука, секако јавноста ќе ја запознаеме преку медиумите - рече Савески.
МИА
Ново на Сител
-

До среда сончево и многу топло, над 40 степени
-

НАТО изрази подготвеност да одговори на каква било закана по информациите дека Иран размислува да нападне американски воени цели во Европа
-

Селото Чаниште е безбедно, не постои опасност за трите манастири
-

Ноќеска во Виница трето терестичко прскање против комарци
-

Кривична за вработен во банка во Гевгелија, од сметки на двајца корисници присвоил околу 5 милиони денари и над 63 илјади евра
-

Франција воведе право за асистирано умирање
-

Фајненшл тајмс: Иран размислува за напади врз американски цели во Европа во случај на понатамошна ескалација
-

Извршени 427 увиди на објекти погодени од пожарите во Грција – повеќе од половина несоодветни за употреба
