Во Собранието ќе заседаваат четири комисии, ќе се спроведува интервју на пријавените кандидати за на член на ДКСК

Во Собранието денеска ќе заседаваат четири комисии - Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Законодавно-правната комисија и Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање.
Пред членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е спроведувањето интервјуа на пријавените кандидати по Одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 45/2026).
На огласот за нов член на ДКСК пријавени се четири кандидати - Борче Стојановски, дипломиран економист од Скопје, Милка Муратовска, дипломиран правник и мастер по анти-корупциски науки од Струмица, Владимир Клековски, дипломиран правник и адвокат од Скопје, Марија Катралова Китанов, дипломиран економист од Кавадарци и Антонија Андонова Тасевска, дипломиран правник од Гевгелија.
На дневен ред на Комисијата за социјална политика, демографија и млади е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка.
На Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог на законот за изменување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и Проектот за Автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на Автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, по скратена постапка.
На дневен ред на двете седници на Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, Предлог на законот за изменување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и Проектот за Автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на Автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, и двата по скратена и Предлог на законот за Jавното обвинителство во второ читање.
МИА
Ново на Сител
-

Велигденски концерт на Македонската филхармонија
-

Кривичен: Намален број на поднесени приговори за „Безбеден град“, од 476 во февруари, на 65 во март
-

На Попова Шапка 77 сантиметри снег
-

Неколкумина повредени во напад врз брз воз во Германија
-

Први во регионот ќе ги исполниме задачите за ЕУ роаминг - најави Андоновски
-

Македонија за првпат домаќин на Светското училишно првенство во ракомет
-

Мицкоски на потпишување меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети
-

ОН ќе гласа за предлогот за отворање на Ормуската Теснина
